Од „Guardian“ тврдат дека ова е најдобриот филм на 21-от век: Дали се согласувате со нивниот избор?

Точка

10/10/2019

11:00

2.784

Големина на фонт

а а а

Според мислењето на критичарите од медиумот „Guardian“, кои составиле листа од 100 најдобри филмски остварувања од 2000-та година до денес ова е најдобриот филм на 21-от век.

Според „Guardian“ најдобриот филм на 21-от век е „There Will Be Blood“ од 2007-та година.

За ова чудно ремек дело на Пол Томас Андерсон, интерпретација на романот на Аптон Синклер од 1927-та година, велат дека денес е поактуелен откако од кога излегол.

Исто така тие напоменуваат дека ова е една од најдобрите улоги во кариерата на актерот Даниел Деј-Луис кој доби Оскар за толкувањето на својот лик (а има уште два Оскари). Ликот на Луис, трагачот на нафта, Даниел Плејнвј, „Guardian“ го споредуваат со Трамп поради тоа што има несекојдневни работни и социјални потези.

Веднаш по овој филм на листата се наоѓа „12 Yeras a Slave“ од 2013-та година.

Ви ги претставуваме првите десет филмови од листата на „Guardian“:

1. „There Will Be Blood“ - 2007-та година

2. „12 Yeras a Slave“ - 2013-та година

3. „Boyhood“ - 2014-та година

4. „Under the Skin“ - 2013-та година

5. „In the Mood for Love“ - 2000-та година

6. „Hidden“ - 2015-та година

7. „Synecdoche, New York“ - 2008-та година

8. „Moonlight“ - 2016- та година

9.. „Zama“ - 2017-та година

10. „Team America: World Police“ - 2004-та годна




Спонзорирани линкови

Маркетинг