“Небесните жешки топки“ предизвикале пожари, научниците се целосно збунети

Точка

10/10/2019

10:40

3.662

Големина на фонт

а а а

Чилеанските власти ги истражуваат повеќето објекти кои неодамна паднаа на островот Чилое и предизвикале неколку пожари. Многу од очевидците тврдат дека станува збор за метеорити.

Меѓутоа, анализата која ја извршиле научниците на Националните служби за геологија и рударство во Чиле во областа Далкахуе, на остовот Чилое, ја исклучиле можноста дека “огнените топки“ ги предизвикале пожарите кои се случиле тој ден.

Информациите набрзо се проширија во медиумите и предизвикаа расправа во научната заедница. Сето тоа ја поттикна и љубопитноста на луѓето кои тврдат дека тие “жешки топки“ не се метеорити.

Чилеанскиот астроном и астрофизичар Хосе Маза, за чилеанската новинарска мрежа TVN, изјавил дека “огнените топки“ веројатно се метеорити или пак вселенски остатоци кои отпадале од ракета или пак некој сателит.

Од друга страна пак, астрономот Џонатан Макдауел од центарот за астрофизика Харвард, на Твитер напишал дека не може да се тврди дека станува збор за вселенски остатоци и дека потребно е неколку денови да се добијат релевантни податоци.

Меѓутоа, геолозите ја објавиле нивната службена проценка - ниту на една од седумте локации не се најдени трагови на метеорити.

Властите ќе извршат детални анализи за причината и за остатоците кои се на тлото што ги предизвикале пожарите додека пак мистеријата на “огнените топки“ сè уште ја храни фантазијата на оние кои сакаат натприродни објаснувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг