Некогаш најдобриот европски голман стана хокеар

Макфакс

10/10/2019

09:50

1.138

Големина на фонт

а а а

Прославениот голман Петр Чех фудбалскиот терен го заменил со теренот за хокеј на мраз. Тој потпишал договор со Глифорд Финикс, екипа која се натпреварува во вториот ранг на британскиот хокеј.

Поранешниот голман на Челси и Арсенал за себе вели дека е голем фан на хокејот, а решил на оваа игра да и се посвети откако унапредувањето на својата игра работел од јуни годинава, кога ја заврши фудбалската кариера.

„Се надевам дека ќе можам да му помогнам на овој млад тим да ги оствари своите цели. По 20 години во професионалниот фудбал ова за мене ќе биде убаво искуство бидејќи ќе можам да се занимавам со спортот кој го гледав и играв додека бев дете“, рекол Чех.

Чех по завршувањето на кариерата започна да работи како советник во Челси клуб во кој ги постигнал своите најголеми успеси. Инаку тој за Глифорд Финикс навивал од 2004 година кога и пристигнал во Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг