Неспремна за деца иако има 49 години – Наоми признала зошто го одложува мајчинството: “Немам чист живот и не се преправам”

Кармин

10/10/2019

09:32

2.996

Големина на фонт

а а а

Наоми Кембел со децении е на јавната сцена и е повеќе од успешна во манекенството, но ни во 49-тата година од животот не е спремна да стане мајка.

Црната пантерка е целосно посветена и на проектите надвор од својата професија, но вели дека нема време да се посвети на основање семејство и раѓање деца. Наоми изјавила дека сè уште се чувствува неспремна за тоа, но и дека себеси се гледа како мајка на децата во Африка на кои им помага преку своите проекти. 


На прашањето дали ќе има деца, таа одговорила:

“Сè уште не, ќе видам што ќе ми донесе универзумот”, рекла Кембел и нагласила дека моментално е сама, но не и осамена.


Манекенката истакнала и дека пороците се зад неа, како и дека е среќна што победила во борбата против дрогата и алкохолот.

“Преживеав, немам чист живот и не се преправам. Бев првата која призна дека е зависник и благодарна сум му на Бога што сум зависник кој закрепнува”, нагласила Наоми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk