На Јапонец во Париз му украле рачен часовник вреден “само“ 800.000 евра

Точка

09/10/2019

21:11

2.966

Големина на фонт

а а а

Во Париз на Јапонец му бил украден рачен часовник, чија вредност се проценува за речиси 800.000 евра, ѝ соопштил извор на полицијата.

30-годишен јапонски бизнисмен останал без часовник кога во понеделникот навечер излегол да запали цигара пред луксузниот хотел каде што престојувал.

Му пришол некој човек и му побарал цигара, пренесува еден од изворите.


Непознатиот човек тогаш го зграпчил Јапонецот за рака, му го украл часовникот и побегнал.

Часовникот со марка „Richard Mille“, модел „Tourbillon Diamond Twister“, на онлајн водичот за купување часовници е проценет на 768.000 евра. Инаку, при бегството, на крадецот му паднал мобилниот телефон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг