Се огласија Трамп и Путин: Тоа е лоша идеја, Ердоган мора да размисли добро!

Точка

09/10/2019

20:35

4.877

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател денес и официјално нареди инвазија на Сирија, а борбите веќе се водат на североистокот на земјата.

Првиот човек на САД, Доналд Трамп изјави дека Вашингтон не го поддржува нападот на Турција на Сирија и турската операција ја нарече лоша идеја.

„Турција, земја членка на НАТО ја нападна Сирија. САД не го поддржуваат овој напад и им дадовме до знаење на Турците дека операцијата е лоша идеја. Американски војници на тоа подрачје нема. Од првиот ден кога влегов во политиката, реков дека не сакам бескрајни, бесмислени војни, посебно такви од кои што САД нема корист“, порача Доналд Трамп.

Трамп кој неодамна се закани дека ќе ја уништи турската економија ако нивната армија „ги помине границите“, порача дека САД очекува од Турција да се придржува до своите обврски.

„Турција се обврза дека ќе ги заштити цивилите, верските малцинства, вклучувајќи ги Христијаните и ќе обезбеди да нема хуманитарна криза. Покрај тоа, Турција сега мора да обезбеди сите борци на ИСИС кои се затворени, да останат во затвор и ИСИС да не биде реконструиран на било кој начин“, порача Трамп.

Не пропуштајте: Ракети, авиони и чад: Турците напаѓаат, цивилите бегаат, а Курдите возвратија со гранатирање на турски град!

Од друга страна, реагираше и рускиот претседател Владимир Путин кој, како што соопштија од Кремљ, на Ердоган му порача дека „треба добро да размисли пред нападот, за да не се нанесе штета на напорите во решавањето на сириската криза“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг