Дембеле го пропушта „Ел Класико“

Точка

09/10/2019

19:22

1.585

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле ќе го пропушти претстојното дерби со Реал Мадрид поради суспензија.

Французинот е суспендиран на два натпревари откако на дуелот против Севиља минатиот викенд доби црвен картон.

Тој бурно протестираше кај судијата и притоа е откриено му рекол дека е лош судија, па сега поради тоа ќе мора да го пропушти гостувањето кај Еибар, како и големото „Ел Класико“ дерби против Реал Мадрид на 26-ти октомври.

Барселона инаку оваа сезона има големи проблеми со повредите на играчите, а суспензијата на Дембеле и дефинитивно на тренерот Валверде ќе му зададе нови главоболки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг