Како што беше и најавено, Стефано Пиоли е нов тренер на Милан. Поранешниот тренер на Интер, Лацио и Фиорентина стави потпис на двегодишен договор со „Росоњерите“.
Пиоли не важи за големо тренерско име, но сепак е почитуван на Апенините. Тој во својата кариера го водеше Интер, во април доби отказ од Фиорентина после серијата на катастрофални резултати, а ги водеше и екипите на Лацио, Верона, Болоња, Киево и Палермо.
Навивачите на Милан сепак може да се каже дека очекуваа поголемо тренерско име, а се споменуваше и Лучијано Спалети кој сепак не се договори со управата на „Росоњерите“.
Инаку, Пиоли е деветиот тренер во последните пет години на клупата на Милан и трет тренер во историјата кој ги водел миланските великани после Леонардо и Џовани Трапатони.
Милан после седум одиграни кола во Серија А е на разочарувачкото 13-то место со само 9 освоени бода.