Ракети, авиони и чад: Турците напаѓаат, цивилите бегаат, а Курдите возвратија со гранатирање на турски град!

Точка

09/10/2019

18:49

9.167

Големина на фонт

а а а

Пристигнуваат првите снимки од северозападот на Сирија каде што започна инвазијата на турската армија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во текот на денешниот ден соопшти дека започнува турската воена операција на северот на Сирија, по што веднаш започнаа гранатирањата на курдсите сили и цивилно население.

„Турските вооружени сили, заедно со Сириската национална армија штотуку ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ против "PKK/YPG" и ИСИС на северот на Сирија. Нашата мисија е да спречиме создавање на терористички коридор во близина на нашата јужна граница и да донесеме мир на овој простор“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Сепак, реалноста денес во Сирија е сосема поразлична - како што пренесува „СиЕнЕн“, на северот на Сирија моментално настанал сообраќаен колапс затоа што сите патишта се блокирани од колони на избезумено цивилно население кое поради турската агресија е приморано да побегне од своите домови.

Турција ги бомбардира курдските населби и позициите на курдските "YPG" сили, под изговор дека се бори против тероризмот, а всушност токму "YPG" силите веќе одамна ги поразија џихадистите на Исламската држава и го одбранија населението од ѕверствата на најозлогласената терористичка организација.

„Овој свет го остави нашиот народ пред варварските напади. Каде погрешивме кога за светот се боревме против Исламската држава?“, запрашуваат лидерите на Сириските демократски сили кои што се составени од курдските Пешмерга сили кои беа формирани да го бранат локалното население од џихадистите на ИСИС.

Како што соопштија од Сириските демократски сили, двајца цивили се убиени во селото Мишарафа, западно од градот Рас ал-Аин кој исто така се нашол на мета на турското воено воздухопловство и артилерија. Исто така, експлозии се слушнале и во градот Тал Абјад.

Одмазда на Курдите

Во меѓувреме, единици на Сириските демократски сили го гранатираат турскиот град Нусајбин во близина на границата на Сирија. Курдските сили со минофрлачи го нападнаа турскиот град, а засега нема информации за повредени или жртви во нападите.

Истовремено, курдските единици запалиле и неколку нафтени постројки на северот на сириската провинција Хасака.



Спонзорирани линкови

Маркетинг