Тврди дека има 123 години: Се појавил на аеродром, го покажал пасошот и ги шокирал вработените

Точка

09/10/2019

16:36

4.842

Големина на фонт

а а а

Свами Сивинанда се појавил на аеродромот во Калкута во Индија и таму покажал пасош кој ја шокирал управата на аеродромот бидејќи во него се наведува дека овој Индиец е роден на 8-ми август 1896-та година и дека сега има 123 години.

Сивинанда е роден во Бехали во Индија, а го одгледал индиски духовен лидер. Тврди дека тајната на неговата длабока старост е всушност долгогодишното практикување на јога, целибат и консумирање на храна без зачини. Неговиот пасош ја шокирал управата на аеродромот кога тргнал во Велика Британија од Индија. 

Ја провериле исправноста на неговиот пасош и добиле потврда дека тој е во целост функционален, но тогаш заклучиле дека е многу можно датумот на раѓање на овој маж да не е исправно запишан во неговите документи.

Сивинанда им објаснил дека родителите го оставиле кратко по раѓањето и дека неговите податоци за раѓање се напишани дополнително. Сепак, ако неговите податоци се точни - тоа би го направило најстарата личност на светот.

Досега таа титула ја држела Французинката Жан Калман, која починала во 1997-ма година кога имала 122 години и 164 дена. Гинисовата книга на рекорди решила да го разгледа случајот на Сивинанда, но истакнале дека дека нема да биде едноставно да се одредат неговата реална возраст, пренесува "Klix.ba".

"Дисциплината е многу важна работа во животот на секој човек. Со оглед на тоа дека сум роден во сиромаштија, никогаш не сум барал премногу од животот. Денес луѓето се несреќни, нездрави и неискрени, што ме боли многу", рекол Индиецот додавајќи дека негова голема желба е луѓето да станат среќни и мирољубиви.




Спонзорирани линкови

Маркетинг