Само Моника Белучи (55) може да облече црно чипкасто боди, а да не изгледа евтино

Точка

09/10/2019

16:26

5.846

Големина на фонт

а а а

Преубавата актерка и овојпат ја остави публиката без здив со својата појава и заслужи само пофални коментари.

Моника Белучи (55) е една од најгламурозните жени на светот. На едно од култните случувања во Италија се појавила во сексапилно, црно и чипкасто издание со кое ги покажала своите облини.

Иако чипкастото боди во прв план ги истакнало нејзините бујни гради, актерката својот изглед го “ублажила“ со елегантен блејзер, широки панталони и високи црни потпетици.

Модерната фризура ги нагласила нејзините очи, а сребрените обетки ѝ дале младешки изглед.


Актерката веќе подолго време не е забележана со своето момче, Николас Лефебвер (36) па се претпоставува дека нејзината фризура е резултат на новиот живот.

На прашањето на новинарите дали повторно размислува за венчавка, Моника одговорила: „Кога претходно сте се венчале двапати сега треба малку повеќе да размислувате за да сфатите што се случило што претходно сте се разведиле. Да кажеме дека сега сум во фаза на учење“ - изјавила Моника.




Спонзорирани линкови

Маркетинг