Гордо сместен во самото срце на Менхетен, станот на Бет Мидлер кој опфаќа околу 700 квадратни метри, го нуди веројатно еден од најдобрите погледи кон Њујорк...
Славната пејачка, текстописец, актерка и комичар, одлучила заедно со својот сопруг дека нивниот неверојатен пентхаус со 14 соби е премногу голем. Со самото тоа, тие го ставиле на продажба по цена од 50 милиони долари.
Нејзиниот стан опфаќа три ката во градба од камен и цигла, која е конструирана во текот на 20-тите години на минатиот век. Самиот стан има околу 300 квадратни метри екстериер, така што имате сосема доволно место за уживање во неверојатната глетка.
Резиденцијата прошла низ процес на комплетно реновирање откако парот ја купил во 1996 година, така што сега поседува високи плафони, широки ходници и великодушно дизајнирани простории. Кога ќе влезете во станот, ве дочекува голем простор за уживање, исполнет со природна светлина. Дневната просторија содржи камин и тераса која гледа кон Централ Парк. Дел од станот опфаќаат и спиралните скали, а акцентот е ставен на подовите од светол даб и огромната трпезарија со кујна.
Освен тоа, пентхаусот располага со кровна тераса со масивна платформа, библиотека со полици од подот до таванот, а главниот дел од станот се наоѓа на 15-тиот кат и содржи пет спални соби, шест и пол купатила, теретана и перална. Мастер спалната соба содржи сопствен камин и гардероба, со работен простор.