Овие зборови Новак го погодиле длабоко во срцето: Џон Милман по Токио имал краток говор, а Новак сега открил колку го “допрело“ сето тоа

Точка

09/10/2019

21:57

7.812

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ бил “прогонуван“ со говорот на Џон Милман по освојувањето на титулата во Токио.

Најдобриот рекет на светот во финалето н АТП 500 турнирот во Токио го совладал Џон Милман со 6:3, 6:2 по 69 минути игра, а Австралијанецот по натпреварот одржал и краток говор.

„Пред сè сакам да му честитам на Новак и на неговиот тим. Верувам дека сите ширум светот сфаќаат колку си добар. Ти си вистински шампион и ќе бидеш секогаш запомнет како великан. Твоето наследство расте и ќе живее долго откако ќе ја завршиш кариерата, а сигурен сум дека имаш уште многу години пред себе. Уште еднаш, честитки“ - изјавил Милман.

„Бев пријатно изненаден и “допрен“ од неговите зборови. Јас се обидувам да останам приземен и да го живеам моментот, но јасно ми е дека ќе дојде време кога повеќе нема да можам да играм и дека идните генераци мене ќе ме паметат и се надевам дека за мене ќе зборуваат со позитивни коментари“ - изјавил Ѓоковиќ.


Тој истакнал дека основниот извор за мотивација се наоѓа во внатрешноста на човекот.

„Играм тенис речиси цел живот и се натпреварувам професионално повеќе од 15 години, но и понатаму планирам да играм и се надевам дека ќе бидам здрав и ќе имам срце, ум и душа во ритамот за тоа да се случи“ - изјавил Ѓоковиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг