Инстаграм го отстранува “Following“ табот во мобилната апликација

Супермен

09/10/2019

19:39

3.046

Големина на фонт

а а а

Мобилната апликација Инстаграм поминува низ некои промени, а наскоро ќе биде отстранет “Following“ табот од Heart менито.

Од Инстраграм го потврдија ова и поради тоа имаат и неколку причини. Главната меѓу нив е фактот дека најголемиот број корисници не знаат дека оваа опција и постои.

Па така корисниците нема да можат повеќе да гледаат што прават оние кои ги следат на Инстаграм туку наместо тоа на тоа место ќе можат да ги гледаат само своите активности.

Проблемот кој Инстаграм го има со Following табот се состои од два дела. Прво, функцјата останува неискористена од страна на голем дел од корисниците така што нема корист да биде задржана.


Второ, понекогаш оние кои дознаваат за постоењето на Following тогаш добиваат предупредување дека неговата Инстаграм активност може да биде одвоена и видена од страна на други корисници што голем дел од корисниците не го одобруваат.


Од оваа недела, Following табот ќе биде отстранет и Heart feed ќе ја прикажува активноста само од корисникот на Инстаграм профилот.

Explore табот е сега главната опција за корисниците на Инстаграм за откривање на новата содржина така што не се очекува Following табот да му недостасува на некој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk