Откако стана вирално видеото на кое што затворски чувар се однесува недолично за време на изнесувањето на Бојан Јовановски од Обвинителството во Скопје, реагираше директорот на затворот во Шуто Оризари.
За време на денешното изнесување на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски од зградата на Обвинителството во Скопје, еден од затворските чувари кои го изнесуваа се однесуваше непристојно кон новинарските екипи кои беа присутни надвор од зградата.
Откако видеото се прошири низ сите македонски медиуми и имаше бурни реакции за срамното однесување, реагираше првиот човек на затворот Скопје во Шуто Оризари, Есад Рахиќ, кој го суспендираше споменатиот чувар.
„Затворскиот чувар е суспендиран и на барање на заповедникот покрената е дисциплинска постапка против него“, изјави директорот Рахиќ за „Телма“.