Излезе трејлер за чудесниот документарец на Дејвид Атенбороу, сите зборуваат за оваа сцена

Точка

08/10/2019

17:04

3.031

Големина на фонт

а а а

Излезе трејлерот за новиот документарец на Сер Дејвид Атенбороу, а јавноста веќе е воодушевена.

Најавата за спектакуларниот документарец со наслов “Seven Worlds, One Planet” веќе ја погледнаа повеќе од 80 илјади луѓе, а видеото е преплавено со коментари на Јутјуб. 

“Тоа! Едвај чекам ова да излезе”, “Јас сум едноставна девојка – кога ќе го видам името Дејвид Атенбороу, јас кликнувам”, “Буквално цело време мислам на овој филм”, “Ова изгледа фантастично”, нетрпеливи се фановите на Атенбороу и неговиот документарец.

Но, најмногу внимание привлекла симпатичната сцена со хрчакот кој трча.

“Хрчакот ме освои”, “Не можам да поверувам дека мојот континент го претставува хрчак, обожувам хрчаци”, “Трчај, трчај, веруваме во тебе”, биле само некои од коментарите на сцената со животното.

Засега не се знае точниот датум на излегување на “Seven Worlds, One Planet”, но многумина се надеваат дека тоа ќе биде многу наскоро.




Спонзорирани линкови

Маркетинг