Ова е човекот кој ја силувал Деми Мур, па рекол: "Какво е чувството кога знаеш дека мајка ти те продала?"

Точка

08/10/2019

16:49

18.686

Големина на фонт

а а а

Човекот кој ја силувал Деми Мур кога имала 15 години бил познат сопственик на клуб во Лос Анџелес.

Актерката Деми Мур пред неколку недели го шокирала светот со својата исповед во книгата Inside Out - дека на 15 години била силувана и дека тој ист човек по злоставувањето за тоа уредно и платил на нејзината мајка Вирџинија. 

Инаку, човекот кој ја силувал бил нивен домашен пријател, а станува збор за Базил Думас, познат како Вал Думас, богаташ од грчко потекло кој во тоа време бил сопственик на некои од најпопуларните ресторани и клубот "Кафез на лудилото".

Тој починал во 1997-ма година на 68 години, пренесува "Metro". Мајката на Деми, Вирџинија, починала во 1998-ма година. Думас од Деми бил постар 33 години, а во времето кога го извршил злосторството бил оженет и имал деца.

Една година откако силуваната Деми ја напуштила својата мајка, заминала во Холивуд и станала планетарна ѕвезда, а во својата автобиографија напишала:

"Тоа беше силување и поразително предавство кога тој човек ме праша: "Какво е чувството кога родената мајка ќе те продаде за 500 долари"".

Вирџинија била алкохоличарка и неколку пати се обидела да изврши самоубиство, вклучувајќи и еден обид кога Деми и го спасила животот. Сопругот ја оставил Вирџинија кога ја родила Деми, а потоа жената се премажила за Ден Гајнс кој Деми го сметала за биолошки татко до 13-тата година, кога пронашла извод од матичната книга на родени.

Деми во неодамнешното интервју открила дека не мисли дека нејзината мајка ја подведувала и не сака да каже дали таа била нејзин макро, но очигледно е дека му помогнала на тој човек да го направи тоа што го сака и таа услуга му ја наплатила.




Спонзорирани линкови

Маркетинг