Безбедни училишта – безбедни првачиња, превентивно едукативна акција на РСБСП и Триглав Осигурување

Точка

08/10/2019

15:20

825

Големина на фонт

а а а

Децата се нашата иднина и нашето најголемо богатство. Детската љубов нема граници, ниту пак нивниот живот има цена. Се грижиме за безбедноста на децата во сообраќајот, тоа е наша привилегија, наша обврска и наш заеднички приоритет - потенцираат од РСБСП и Триглав Осигурување, во најава на новата сообраќајно превентивна акција, насловена како „Безбедни училишта – безбедни првачиња“.

Сликата на гужви и сообраќаен метеж во близина на училиштата и градинките е секојдневие, во кое што живееме. Поради тоа, децата секојдневно се изложени на потенцијални ризици и опасности, кои што ја загрозуваат нивната безбедност во сообраќајот. Заедничка одговорност на сите општествени чинители е да се грижат за безбедноста на децата во сообраќајот и согласно со тоа, РСБСП и Триглав Осигурување повторно ја реализираат акцијата „Безбедни училишта – безбедни првачиња“, која што е составен дел од кампањата „Безбедни деца во сообраќајот – за безбедна и сигурна иднина“.


Сообраќајната култура, етиката и навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмала возраст. Единствено преку континуирана едукација, преку силни и континуирани сообраќајно превентивни и едукативни кампањи, наменети пред сѐ за децата, може долгорочно и трајно да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата. Токму тоа е целта на акцијата „Безбедни училишта - безбедни првачиња“. Фокусот на оваа акција се токму најмалите, тие кои се најранливи, најнебезбедни, но и најподготвени брзо и ефикасно да учат и да го применуваат тоа што го научиле.

Акцијата „Безбедни училишта - безбедни првачиња“ започна денес во ООУ „Киро Глигоров“, во општина Центар - Скопје, а ќе се реализира во наредните два месеци и во нејзини рамки ќе бидат опфатени повеќе од 50 училишта, во повеќе од 30 општини. Целта на акцијата е оспособување на децата од прво одделение за безбедно движење до училиштето и назад до својот дом, сообраќајна едукација и нивна поголема видливост во сообраќајот. За таа цел 4.000 првачиња ќе добијат безбедносни флуоресцентни елечиња.


Покрај флуоресцентни елечиња, во рамки на превентивната акција ќе бидат организирани и едукативни предавања, со цел едукација и запознавање на децата-првачиња со основните правила и прописи во сообраќајот.

Едукативните настани ќе бидат надополнети со повеќе сообраќајно едукативни материјали – боенки, распоред за часови, сообраќајна лектира и друг едукативен материјал. Главниот „ јунак“ на настаните ќе биде маскотата „ Кучето пази“, кое има за задача да им пренесе на децата „тајни“ и корисни совети за тоа како безбедно да учествуваат во сообраќајот, каде смеат и каде не смеат да играат, како да ја поминуваат улицата, што треба да прават кога се возат во автомобил, итн.  


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување апелираат за безбедно и одговорно учество во сообраќајот, особено во близина на училишта и градинки и на сите останати места, каде има зголемено учество на децата во сообраќајот.

„Безбедни деца во сообраќајот – за безбедна и сигурна иднина“.   



Спонзорирани линкови

Маркетинг