Анџелина Џоли е поубава од некогаш, а овие фотографии се доволен доказ за тоа

Кармин

08/10/2019

13:27

2.332

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли вчера се појавила во Рим, на европската премиера на филмот “Maleficent: Mistress of Evil” и му докажала на целиот свет дека во 45-тата година од животот е поубава од некогаш.

На прес-конференцијата која се одржала вчера пред премиерата, Анџелина заблескала во креација со боја на лаванда, а вечерта на црвениот тепих се појавила во црна тоалета која го одзема здивот. 


Актерката со години ја носеше титулата “најубава жена на светот”, а потоа нагло ослабна. Очигледно таа се враќа на стариот пат бидејќи на фотографиите изгледа како божица.


Џоли неодамна проговорела и за разводот со Бред Пит, по која била длабоко, вистински тажна и повредена.

“Беше комплицирано, не се препознавав себеси повеќе, а станував сè помала, иако тоа не го покажував”, признала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг