ПОЦ го презема бележењето на хоризонталната сигнализација во општина Центар

Макфакс

08/10/2019

12:17

1.452

Големина на фонт

а а а

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар“- Скопје од 2020 година целосно ќе го преземе бележењето на хоризонталната сигнализација на улиците и паркиралиштата на територија на општина Центар.

Од претпријатието информираат дека за таа цел, набавена е нова машина за бележење на хоризонталната сигнализација на познатиот американски бренд „Graco“ (модел „LineLazer V 5900“) со која редовно ќе се бележат општинските улици и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на општина Центар“.

Набавката е преку економскиот оператор ГФП ДОО Белград, како најповолен понудувач на тендерот, и ангажирањето на оваа механизација чини 700.500,00 денари.

„ЈП ‘Паркинзи на општина Центар’ планира да почне со редовно бележење на улиците и паркиралиштата во март 2020 година, кое ќе придонесе добро уредена, ефикасна и безбедна хоризонтална сигнализација на територија на општина Центар“, информираат од ПОЦ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг