Овој рецепт за кафеанска телешка чорба ќе ги засени сите оние кои досега сте ги пробале

Точка

08/10/2019

12:07

29.989

Големина на фонт

а а а

Телешката чорба се чини дека е највкусна токму во кафеаните. Но, овој рецепт кој можете да го припремите и дома ќе ги засени сите кафеански чорби кои досега сте ги пробале.

Потребни состојки: 

- 500 гр. телешко месо од бут или врат

- 1 главица црвен кромид

- 2 моркови, пашканат, магдонос

- 1 корен од целер

- 2 компири

- 1 дл. масло за јадење

- 2 лажички брашно

- 2 дл. кисела павлака

- 1 жолчка

- сол, бибер, ловоров лист


Начин на припрема: 

1. Ситно исечкајте го црвениот кромид и пропржете го на масло.

2. Додадете го месото исечкано на коцки (со коските, доколку ги има), додадете вода која ќе го прекрие месото и варете на тивок оган околу 1 час.

3. Потоа додадете го зеленчукот исечкан на коцки, додадете сол, бибер и ловоров лист и налијте околу 2 литри вода.

4. Направете запршка од две лажици брашно, па сè заедно гответе уште половина час.

5. Пред сервирање, во чорбата додадете павлака со изматена жолчка и додадете го ситно исечканиот магдонос.

6. По желба, телешката чорба може да се консумира со малку оцет или лимонов сок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг