Таа има тело за “десетка”, но сега ја покажала сурово реалната слика – жените ѝ се благодарни

Кармин

08/10/2019

10:20

6.963

Големина на фонт

а а а

Стеф Смит е една од најпопуларните фитнес модели во Австралија која рекламира познати спортски брендови.

И покрај тоа што има нереално тело и мускули на кои работи секој ден, Стеф со една фотографија докажала дека е како секоја друга жена. 

“Знаете што? На сите им се случува стомакот да им се надуе и неколку дена во месецот да се чувствуваме како грав кој набабрува”, напишала таа покрај фотографијата на која го покажува надуениот стомак.

Потоа објаснила и дека секој месец пред менструалниот период ѝ се случува стомакот да ѝ биде надуен и вагата да покажува повеќе килограми отколку што навистина има.

“Немојте да дозволите ваквите промени да ве потресат и да го нарушат вашиот пат кон здрав организам. Ваквите промени на телото кај секоја жена се нормална појава и тоа е неговата вистинска убавина”, порачала Смит.

Нејзините обожавателки со воодушевување ја дочекале оваа објава:

“Ова ми беше потребно. Толку сум надуена секој месец, треба себеси да се потсетувам на ова”, напишала една корисничка.

“Толку е прекрасно ова што си го објавила”, бил коментарот на друга обожавателка.

Оваа не е првпат Стеф да објави фотографија од своето реално тело – минатата година споделила трик кој го користат моделите на Инстаграм за да изгледаат совршено, а сета мудрост лежи во аголот и осветлувањето.

Тогаш им објаснила на своите обожавателки дека никогаш не треба да се споредуваат со моделите на Инстаграм бидејќи ни тие не изгледаат толку совршено во реалноста.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk