Ќерката немала пат до училиште, па таткото сам го направил: Прокопал 4 километри низ планината, а потоа ги дочекало едно изненадување

Точка

08/10/2019

22:03

12.818

Големина на фонт

а а а

Дека родителите се подготвени на секаква жртва за своите деца, сведочи и една приказна од Турција.

Кога малата Гамзе Коркут минатата година требало да тргне во градинка, од нејзиното село немало пат ни автобус за да дојде до градинката. 

Планинското село во кое се наоѓа куќата на девојчето, на југозападот на провинцијата Мугла, било занемарено, а општинската и покраинската управа ги одбиле барањата на семејствата да се изгради нов пат. Порачале дека не можат да направат ништо, бидејќи станува збор за земјен, шумски пат.

Една година подоцна, кога Гамзе запишала основно училиште, а нејзиниот татко видел дека и натаму нема пат за неговата ќерка да се образува, со трактор почнал да ја вози до најблискиот главен пат од каде минувал автобус.

Пет дена неделно се возеле на нарамен пат со трактор, што барало многу време и било многу напорно.

Тогаш Рамазан одлучил да ги земе работите во свои раце. Сам го исчистил, ископал и израмнил патот. Се со свои раце.

Потоа изнајмил багер и четири камиони. Општината му позајмила уште еден камион, а регионалната дирекција за шумарство валјак. И тоа било се.

По шест долги и напорни дена таткото го завршил патот долг четири километри. Гамзе сега имала пат до училиште, а автобусот можел да дојде до прагот на нејзиниот дом, исто како што одел по нејзините врсници.

Меѓутоа, семејството сега се соочило со нови проблеми - долгови. Откако сета заштеда ја потрошиле за обнова на куќата која изгорела во пожар пред три години, требало да платат и околу 6.500 евра за трошоците за изградба на патот.

Сепак, еден ден на нивната врата се појавил локалниот гувернер Чанер Јилдиз, кој имал добри вести. Сиот трошок на Коркут го отплатила провинцијата Мугла.




Спонзорирани линкови

Маркетинг