ДУИ против попис - „Денес се плашиме дека бројот на албанското население ќе биде под 20 отсто“

Точка

07/10/2019

20:42

5.743

Големина на фонт

а а а

Денес во емисијата “10 минути“ на телевизија 21 гостуваше Мендух Тачи, челникот на Демократската партија на Албанците (ДПА).

Тој отворено говореше за состојбата на албанските политички партии во Република Северна Македонија и истакна дека политиката на албанската партија ДУИ ги натерала Албанците да си заминат од нашава држава.

Истовремено тој истакна дека ДУИ не сака да се спроведе долгоочекуваниот најавен попис затоа што, како што вели тој, тие стравуваат дека Албанците ќе испадне дека се помалку од 20 отсто од вкупното население во државава.


„Оваа вистина открива и една друга вистина, дека во 2001-та година, ова 18/19-годишно политичко владеење на ДУИ резултира со тотално фијаско. Ако денес се плашиме дека нашиот број ќе биде под 20 отсто тогаш анализата вели дека Албанците заминале од тука, Албнците не виделе перспектива тука, Албанците мигрирале. И тоа е еден многу цврст аргумент“ - изјавил Тачи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг