„НАСА наскоро ќе објави револуционерно откритие за животот на Марс, но дали човештвото е подготвено за тоа?“

Точка

07/10/2019

19:50

2.472

Големина на фонт

а а а

Еден од главните научници на американската вселенска агенција, изјавил дека НАСА наскоро ќе објави нешто “револуционерно“ во врска со вонземјанскиот облик на живот.

Директорот на одделението за планетарна наука д-р Џим Грин, изјавил дека НАСА е блиску до тоа да објави откритие за животот на Марс, но дека ние не сме доволно подготвени за тоа. Грин предупредил дека светот не е подготвен за откритие на живот на друга планета, што би можело да биде за две години.

„Тоа би било револуционерно, како кога Никола Коперник (полски ренесансен астроном) утврди дека Земјата се движи околу Сонцето. Целосно револуционерно. Тоа ќе покрене целосно нов начин на размислување. Мислам дека не сме подготвени за резултатите. Не сме“ - изјавил д-р Грин, додавајќи дека е загрижен поради тоа што НАСА е блиску до откривање на живот и објавување на истиот, а не знае што ќе се случи после тоа.


„Дали тој живот е како нашиот? Како сме поврзани? Може ли животот да се сели од една на друга планета и дали ние ја поседуваме вистинската околина и искра која генерира живот - како нас или не - врз основа на хемиската околина во која се наоѓа?“ - прашал Грин.

НАСА во соопштението изјавила дека е возбудена поради идната мисија на Марс и очигледно ќе го открие животот на другата планета. Агенцијата следниот ровер ќе го лансира во јули 2020-та година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг