Ferrari SF90 Stradale vs Corvette C8 Stingray - Ферари контра Шевролет или обратно

Точка

07/10/2019

16:49

2.641

Големина на фонт

а а а

Новото време носи со себе нови ветришта. Така и довчерашните тврдокорни чувари на традицијата отстапија од неа и влегоа во нови води за кои не знаеме каде ќе ги однесат. Всушност негувањето на традицијата те прави поинаков од останатите, оставаш свој печат, имаш свое „јас“.

Речиси истовремено светот беше сведок на првичните најави на супер спортските купе автомобили, едниот од добро познатата ергела сместена во Модена, Италија, а другиот од онаа страна на „големата вода“ кај каубојците, првиот со име „ферари сф 90 страдале“, а вториот „шевролет корвета ц 8 стингреј“. Обата производители се тесно врзани со традиционалните вредности според кои беа препознатливи ширум светот и токму затоа беа почитувани од голем број љубители на четирите тркала. Двата автомобили делат заеднички нешта, осумте цилиндри и нивната поставеност во V, потоа препознатливиот купе дизајн, двете седишта, централно сместените погонски единици,… е сега ова со моторите не „штима“. Сите досегашни „корвети“ имаа мотор напред, а сега централно сместен. И тоа го доживеавме, „корветата“ симболот на каубојците и нивна единица мерка за спортски купе автомобил, „забега“ и ја смени традицијата.

Сега наместо мотор сместен напред, истиот е сместен зад двете седишта, поточно централно. Од Шевролет велат дека со тоа добиле подобра распределеност на тежината на предната и задната оска, подобри забрзувања и поголема стабилност при брзо маневрирање, а од друга страна добиена е подобра позиција за возачот, скоро над предната оска. Токму овој момент, велат конструкторите, придонел за поголема стабилност при брзо и ненадејно менување на правецот. Нели сега зборуваме за традицијата, а таму моторот си останал ист, со зафатнина 6,2 литри и 495 атмосферски коњски сили кои гарантираат забрзување од 0 до 100 м/ч под три секунди. Класика од зафатнина, а тоа производителот го негува.

Е сега тука имаме и една новост. Подвозјето може да се подигне за 40 мм и со тоа да се совладаат нерамнините на патот и слични нешта. Тие 40 мм се добиваат кога брзината не е над 38 км/ч што е повеќе од доволно да преминете од една на друга страна од некои копаници и останати кратери на асфалтот.

Повеќе можете да прочитате на АМСМ клуб мобилити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг