Австралиските пожарникари, од 1993 година па наваму позираат за годишен календар чиј приход од продажбата го донираат во хуманитарни цели.
Тие ниту оваа година не направиле исклучок, а календарот го красат фотографии од полуголи пожарникари кои позираат со животни.
Пожарникарите секојдневно го ставаат својот живот во опасност за да спасат други луѓе, а неколкумина од нив со огромна волја позираат и со животни. Сето тоа го прават со една благородна цел, со желба да ѝ помогнат на својата заедница.
Џеф кој ја краси насловната страница на календарот со мачка, е дел од овој проект веќе 9 години.
“На овој начин можеме да направиме позитивни промени. Со продажбата на календарот навистина им помагаме на оние на кои помошта им е потребна. Оваа година постојат повеќе хуманитарни организации на кои ќе им бидат донирани парите од продажбата на календарите”, изјавил Џеф.
Во изминатите 17 години, од продажбата се донирани повеќе од 3 милиони долари на различни хуманитарни организации ширум Австралија.