Американците реставрираат германски џипови: Ги користела војската, а сега ги продаваат по пеколна цена

Точка

07/10/2019

16:37

3.831

Големина на фонт

а а а

Американската компанија "Expedition motors" за 90.000 долари нуди перфектно реставрирана и модификувана Г-класа, која на почетокот на 1990-тите години ја користела германската војска.

"Mercedes-Benz" во периодот од 1990-та до 1993-та година за потребите на германската војска правел наменска G-klasse со пократко меѓуосовинско растојание, преклопувачка шофершајбна и платнен кров кој бил придвижуван со проверен 2,5-литарски 5-цилиндричен дизел мотор. 

По отпишувањето од воената служба, неколку примероци од G-klasse завршиле во специјализирана компанија со седиште во американската сојузна држава Њу Џерси.

За оптимално прилагодување на цивилниот живот на двовратната G-klasse, потрошени биле нешто помалку од 2.700 часа, а процесот на реставрација ја вклучил шасијата, каросеријата, кабината, осовините, сопирачките, менувачот и оригиналниот мотор кој е обновен до последниот шраф.

Меѓу деталите кои автомобилите на EMC ги одвојуваат од оригиналот влегуваат и LED светлата, новата маска на ладилникот, модификуваните браници, новите тркала. Бојата на седиштата и каросеријата ја одбира купувачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг