Фиќо на стероиди: Специјална верзија за големиот јубилеј на Abarth

Точка

07/10/2019

16:15

2.437

Големина на фонт

а а а

Славната тјунерска компанија Abarth оваа година слави 70 години од своето постоење, па во таа чест ќе биде произведен специјален Fiat 500 кој ќе ја носи ознаката Abarth 695 70th Anniversary.

Само 1949 купувачи ќе имаат шанса да бидат сопственици на овој модел кој ќе се продава по почетна цена од 34,600 евра.

Моделот Abarth 695 70th Anniversary е заснован на веќе постоечкиот Abarth 595, но ќе добие бројни модификации. На почетокот тука се 17-инчните фелни, четирите издувни цевки и „тркачкото знаме“ на покривот кои ги комплетираат дизајнерските промени.


Покрај тоа, производителот посветил големо внимание на спојлерот кој рачно може да се подеси на 12 различни начини под агол до 60 степени. Според производителот, најголема аеродинамичност се постигнува кога е на 0 степени, а доколку се подеси на 60 степени може да пружи и до 42 килограми вертикална потисна сила во кривините.

Под хаубата се наоѓа познатиот 1,4-литарски турбо бензинец со 180 коњски сили и 250 Nm максимален обртен момент, а силата се пренесува на предните тркала преку 5-степениот мануелен менувач. Тоа е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 6,7 секунди, а максималната брзина изнесува 222 километри на час.


Ентериерот доби спортски волан, Sabelt седишта, алуминиумски педали, 7-инчен монитор со можност за Apple CarPlay и Android Auto поврзување.

Компанијата Abarth инаку е основана од Карло Абарт. Тој е роден во Австрија под името Карл, но го променил името во Карло кога се преселил во Италија во 1934-та година. Неговата компанија станала препознатлива по одличните преработки на разни модели на Fiat, по што ја продал на италијанскиот гигант во 1971-ва година. Оттогаш Fiat ја користи ознаката Abarth за „нумерирање“ на своите најмоќни сериски автомобили.




Спонзорирани линкови

Маркетинг