Мандаринската грозница сè уште ја тресе Хрватска: Пред штандот за мандарини редици, додека таа танцува во Белград

Точка

07/10/2019

22:37

10.166

Големина на фонт

а а а

Кристина Пенава (20) до неодамна работеше на штанд во Загреб и на многу минувачи им беше место кое не можеа да го заобиколат. За тоа не се потребни радари, ниту камери и полиција.

Како што им рекла Кристина на тамошните медиуми, на штандот постојано имало гужва и доаѓале купци од разни генерации за да ги пробаат мандарините кои ги продавала и за кои тврди дека се природни и непрскани.


Но, изгледа дека сето тоа ја изморило Кристина, па одлучила да појде на заслужен одмор. Кристина моментално се забавува во Белград, каде отпатувала во машко друштво.

На социјалните мрежи објавила неколку видеа од белградскиот клуб. Попатно, на обожавателите им приредила уште едно изненадување. Имено, косата ѝ е целата сплетена во ситни плетенки.


Додека Кристина се одмора и забавува, пред нејзиниот штанд секојдневно е гужва. Купците се малку незадоволни од тоа што на штандот не е таа, туку ја заменува постара госпоѓа, но се надеваат дека Кристина ќе се врати што поскоро на работното место.

Тоа би можело наскоро да се оствари, со оглед на тоа дека Кристина објави фотографија на социјалните мрежи дека се вратила од Белград и најави промени.

„Наскоро нешто лудо“, напишала покрај фотографијата на која позира седејќи на штандот на кој продава.


Од првата објава, за 24 часа Кристина ја заследиле преку 40.000 корисници. Поради тоа во Хрватска завладеала „мандаринска грозница“, бидејќи на сите на социјалните мрежи устите им се полни со мандарини.

„Мандарините почнав да ги продавам пред само една недела, кога почна сезоната. Најверојатно на купците сум им интересна бидејќи сум млада и нова“, рекла младата продавачка на мандарини. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг