Бројни модели на Порше блеснаа на прославата на „Мотоцентар“ во Скопје

Точка

07/10/2019

11:31

4.017

Големина на фонт

а а а

„Мотоцентар“ организираше прослава по повод 25 години од постоењето, а во центарот на вниманието се најде собирот на Порше 911 автомобилите.

“Мотоцентар“ ја започнува деловната активност со основна дејност: продажба и третман на пневматици. Низ годините што следуваат, Компанијата го диверзифицираше бизнисот во повеќе правци, пред сè, со фокус на познати интернационални компании од оваа бранша, со кои во периодот од две и пол децении се постигнати партнерства за долгорочна соработка.

Следењето на трендовите и почитувањето на локалните услови, на домашниот пазар се постулатите со кои “Мотоцентар“ работи во правец на третман на клиентите и корисниците на услуги, пред сè, преку изборот и унапредувањето на вистинските луѓе и професионалци кои се ангажирани во Компанијата.

Денес, со сопствена продажно – сервисна мрежа, “Мотоцентар“ е присутен на 8 локации, во 5 градови низ Македонија, каде редовно работат повеќе од 100 вработени.

Како општествено – одговорна Компанија одржува долгогодишно пријателство со Специјалната Олимпијада на Македонија и со моментално најдобриот македонски тркач со спортски автомобили, Игор Стефановски - Иџе.

Околу дваесетина автомобили од различни генерации на култниот Порше 911 вчера блеснаа во нашиот главен град покрај хотелот „Александар Палас“.

Станува збор за првиот собир на вакви модели во Македонија кој нашата редакција не го пропушти, а ова се фотографиите кои ги направивме за вас.

Честитки на јубилејот.

*Повеќе фотографии на следниот ЛИНК



Спонзорирани линкови

Маркетинг