Никому не му се симпатични: Овие 3 хороскопски знаци астролозите ги опишуваат како најиритантни

Кармин

07/10/2019

11:14

6.031

Големина на фонт

а а а

Ако може да ѝ се верува на астрологијата, луѓето родени во овие хороскопски знаци се шампиони во нервирање на другите луѓе.

Тие се толку напорни што понекогаш не можат да се поднесат ни себеси. 

Шкорпија

Во нивниот свет, другите се секогаш виновни. Тие се водени од мислата дека другите ќе ги разочараат и ќе ги изневерат. Секогаш се внимателни до таа мера што почнуваат да ја вознемируваат околината, а компромисот за нив е непознат поим.

Долго време памтат лоши работи што им ги направила другата личност и се подготвени да возвратат со иста мера.


Јарец

Јарците се самоуверени и се убедени дека се најдобри во сè. Ако ги прашате, нема попаметна и поинформирана личност од нив. Тие не сакаат неодговорни, непрецизни луѓе и личности кои се расфрлуваат. Кога таква личност ќе се најде во нивна близина, на Јарецот му е многу непријатно.

Девица

Девица најпрецизно ги перцепира нередот, нелогичноста и нечистотијата, така што во секој момент наидува на нешто што ѝ смета и ја вознемирува. Девиците обично се добро информирани и често знаат да бидат бесни кога се соочуваат со туѓото незнаење.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk