Додека Хрватска е опседната со мандарините, во соседна Србија внимание привлекла една интернет сензација со “тверкаџика“ - која тверка пред колона со автомобили за време на тридневниот протест на таксистите во Белград.
Многу брзо, откриено е дека станува збор за Зорица Антиќ, која таму не се нашла случајно. Како што пишуваат српските медиуми, таа позади себе има танцувачка кариера долга 25 години, а последните 10 години на заинтересираните им покажува и тверкање како дисциплина во танцувањето.
Зорица ја следат повеќе од 50 илјади корисници на Инстаграм. „Имам 32 години и има луѓе кои мислат дека сум ги искористила своите 5 минути слава за да 'тресам' со задницата пред колона таксисти. Она што луѓето не го знаат е дека снимав кадри за спот за групата Дјанс. Идејата беше да се сними ефектна сцена и ова беше идеална прилика“, објаснила Зорица, чиј перформанс ги поделил мислењата на Србите.
Додека некои со насмевка и аплауз го испратиле нејзиниот настап, други веднаш ја обвиниле за самопромоција.
„Младите ме сакаат и знаат со што се занимавам. Ги игнорирам незадоволните жени и хејтерите кои на танцова дисциплина со која со години се занимавам, гледаат со непочит. Имаше многу баби и девојки кои коментираа дека одлично танцував. Не, ова не беше потег за да се најдам на ријалити програмите“, вели Зорица.
Зорица Антиќ во танцувачката кариера поминала низ разни фази, од балет преку мажуретка па до тверкање и не сака кога луѓето ја етикетираат како 'тресачка на задникот'. Завршив на ДИФ, образована сум, професионално се занимавам со танц и не сакам луѓе кои не гледаат подалеку од социјални мрежи“, заклучува Зорица, која пред неколку години била учесничка на музичкиот натпревар „Pinkove Zvezde All Talents“.