Надја Петровиќ: Визуелното изразување зборува за IQ-то

Точка

04/10/2019

10:27

6.488

Големина на фонт

а а а

Уметноста е јазик со кој се обидува да допре длабоко до пријателите и луѓето низ пораки и творење на ликовни дела. Борбата на еден уметник е да се бори за права на луѓе, но и за општествените вредности низ својата уметност. До сега изложувала во повеќе светски градови како: Виена, Сан Диего, Венеција, Њујорк, а вие ќе имате можност да ја запознаете одблиску преку ова инетервју за Точка, Надја Петровиќ-сликарка.

Зошто боите ги избра како начин за изразување, а не зборовите или нотите?

- Отсекогаш естетиката ме привлекувала многу, а имам фотографска меморија. Сметам дека изразувањето преку визуелното е многу висок стадиум на изразување, секако тука е и музиката. Самиот производ зборува за твојот IQ и колку си развиен како човек. Преку боите и формите може да се открие и во која група припаѓаш етнички, од каде влечеш инспирација. Секако ако си подготвен да ги препознаеш.

Практикуваш нов начин на јазично изразувања, што подразбира тоа со оглед на тоа што си се едуцирала во Италија па ново кај нас и нив е релативна работа?

- Тоа подразбира користење на нови материјали во визуелното изразување, се што носи новото време. Да не мораме да се ограничуваме кон традиционалните техники и пристапи.

Секако дека ново во Италија и кај нас е реалативна работа, но првенствено се зависи од личните перцепции. Меѓу другото игра и голема улога и географската положба, достапноста на одредени материјали и продукти.

Што најчесто допира до тебе како уметник, до тој степен да те испровоцира да твориш?

- Науката е таа што најмногу може да ме испровоцира да творам. Сакам постојано да учам, читам и да се надградувам, бидејки сметам дека тоа е основата и тајната на успехот, а мене ми е најголемиот извор на инспирација. Ме засегаат психологија и антропологија, општествените норми и духовни вредности кои се застапени во денешното живеење и сметам дека во светот недостасуваат промени на перцепција кај повеќето луѓе за овие вредности. Уметноста е јазик со кој се обидувам да допрам длабоко до пријателите и луѓ ето низ пораки и творење на ликовни дела. Филозофскиот пристап е многу важен а хуманоста е есенцијално битна и поради истата борбата на еден уметник е да се бори за права на луѓе, но и за општествените вредости низ својата уметност.

Каде се си изложувала до сега?

- Cura - Фиренца , The Brick Lane Gallery - London, NLB Bank Gallery - Скопје, Messe Wien Exhibition & Congress Center - Виена Австија , ARTBOX - Њујорк, Art San Dieg o- Сан Диего - Калифорнија, 58 th Biennale di Venezia - Italy, како додатен настан, MC Gallery - Њујорк , Biggs Museum of American Art - Делавер и многу други.

Каде би сакала да ги видиш твоите дела еден ден?

- Веќе сум ги гледала на многу значајни места, секако има уште многу други места каде би сакала да ги видам. Но, многу повеќе ми значи публиката и во иднина сакам да ги гледам таму каде што има најмногу публика која сака да ја конзумира мојата уметност и каде има информираност за она што го правам, ја знаат вистинската вредност на тоа и знаат да препознаат ја респектираат и признаваат.

Од кого учиш и официјално и неофицијално?

- Во животот сум имала многу врвни професори и сите оставиле по некој траг врз мене, тешко е да се издвои еден професор или една личност. Едноставно сум личност која учи од секого, без разлика на професијата, се трудам да ги препознаам добрите и јаки страни на секого и да извлечам нешто и видам колку можам тоа да го применам.

Подготвуваш ли нешто наскоро?

Да во план е нова самостојна изложба.


(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг