Путин ја нападна Грета: Ајде објасни им на сиромашните земји зошто не треба да бидат богати како твојата Шведска!

Точка

03/10/2019

22:43

25.903

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин на енергетски форум во Москва ја критикуваше климатската активистка Грета Тунберг, нарекувајќи ја „лошо информирана тинејџерка која ја искористуваат возрасните“.

Путин изјави дека 16-годишната Швеѓанка во текот на својата кампања за намалување на употребата на фосилните горива порача дека треба на земјите во развој да им објасни зошто треба да продолжат да живеат во сиромаштија.

„Жално е што Грета ја користат некои групи за да ги постигнат сопствените цели“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.


„Можеби ќе ве разочарам, но не сум воодушевен од говорот на Грета. Никој на Грета не ѝ објаснил дека модерниот свет е комплексен и разновиден. Луѓето во Африка или бројните Азиски земји сакаат да живеат на исто ниво како што се живее во Шведска. Сега нека им објасни на земјите во развој зошто треба да продолжат да живеат во сиромаштија и да не бидат богати како Шведска“, изјави Путин.

Рускиот претседател истакна дека на младите луѓе кои што се занимаваат со прашања околу заштитата на околината треба да им се даде поддршка, но и дека треба да се осуди кога некој ги искористува децата или тинејџерите за сопствени интереси.

Не пропуштајте: Борец против климатските промени или марионета? Дали Грета ја контролираат нејзините алчни родители?

„Сигурен сум дека Грета е љубезна и многу искрена девојка. Но, возрасните мора да направат се за да не ги доведуваат децата и тинејџерите во екстремни ситуации“, изјави Владимир Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг