Шефицата на Фејсбук на сите кандидати за работа им го поставува ова прашање, па според него одлучува...

Точка

28/09/2019

18:00

8.529

Големина на фонт

а а а

Џули Жуо имала само 22 години кога се вработила во Фејсбук како приправничка. Денес, десет години подоцна, се наоѓа на местото на потпретседател во одделот за дизајн на производи и води тим кој е заслужен за дизајнот на социјалната мрежа.

Таа моментално им е претпоставена на 250 вработени, а бројката постојано се зголемува. Свесна е дека вработувањето на квалитетни и способни луѓе е клучно, па смислила прашање, за кое тврди дека ги открива сите кандидати кои бараат работа.

Наместо да го наведе кандидатот да го рецитира својот живот со прашањето: „Кажи ми нешто повеќе за себе“, таа им поставува малку поинакво прашање.

„Замисли се себеси за три години. Што мислиш дека би се променило дотогаш поврзано со тебе?“, е прашањето кое Жуо им го поставува на сите кандидати.


Од одговорот дознава три работи - колку е амбициозен кандидатот, колку е насочен кон остварување на целите и колку е свесен за себе и за своите карактеристики.

Главната карактеристика која ја бара кај луѓето е желбата за развој и напредување. Дури и ако кандидатот не ги исполнува условите, она што е клучно е желбата за надградба и раст. Токму одговорот на горенаведеното прашање ѝ помага да воочи дали кандидатот има квалитети, пренесува „Business Insider“.

Кандидатите за време на интервјуто за работа воглавно зборуваат за своите претходни постигнувања. А, иако е важно тоа што го постигнале во кариерата, тоа не значи дека знаат што ќе прават во иднина. Затоа Жуо бара визија за иднината, односно луѓе кои размислуваат што ќе прават понатака, а не само за тоа каде биле. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг