Игор Петрески: Реакциите се поинтересни кога со филмска шминка ќе „огрдам“ нечие лице

Точка

27/09/2019

11:47

5.459

Големина на фонт

а а а

По професија е шминкер, матичен театар му е Театарот за деца и младинци. Но, изненадувачки реално изледа она што ќе го погледнете како филмска шминка, а негово дело. Вели дека секое лице му е предизвик и независно дали станува збор јавна личност или анонимус. Но, за сето тоа да изгледа како што изгледа, потребен е континуитет, талент, креативност, прецизност и секако да ги познавате материјалите со кои работите.

Полесно ли е кога разубавуваш лица со шминка или кога „огрдуваш“?

- За мене е исто дали треба да разубавувам или треба да „огрдам“ нечие лице. Но, во секој случај позабавно е кога ќе „ огрдам“, реакциите се поинтересни.

Каква техника, какви бои, користиш за филмската шминка да изгледа реално?

- Шминката ја набавувам најчесто од странство, тоа се посебни материјали како силикони и слични производи, а што се однесува до техниката, тоа се стекнува со многу труд и работа, се разбира има посебни правила кога станува збор за филмска шминка.

Се плашат ли клиентите од себе понекогаш, имало ли такви реакции?

- Па, не се плашат , обично знаат што треба да очекуваат, на крајот од шминкањето најчесто се воодушевени од крајниот „ производ“.

Која е тајната на уметноста или една од тајните, се се учи или треба и талент, фантазија, уметност?

- Па, би рекол комбинација од сите работи што ги набројавте, нема некоја тајна, секако многу е важно да имате континуитет во работата да бидете креативен, прецизен и точен и секако добро да ги познавате материјалите со кои работите.

Која е твојата најуспешна шминка?

- За сега сите (специјални ефекти) ми биле успешни , се надевам дека така и ќе остане.

Со кои наши јавни личности си имал можност да „експериментираш“?

- Со повеќе сум работел, последно со Панчо за новиот спот на ДНК , каде што му правев исекотини на лицето, како последица од сообраќајна несреќа.

 

Создавањето карактери преку шмина, бара ли повеќе од уметност? 

- Секако дека бара повеќе од уметност, правењето карактери е многу сложен и тежк процес . Потребо е многу д асе истражува за карактерот што го изработувате и многу да се работи во периодот на припремите.

Постои ли ризик да се „утне “ карактерот што треба да ја долови улогата?

 - Додека трае процесот и се работат подготовките, секогаш сум во комуникација со режисерот, така што не оставам простор за „утка“.

Кое задоволството во создавање, рани, лузни, крвопролевања?

- Задоволството е големо затоа што создавам нешто повеќе од шминка.

На кој производ си посебно горд?

- Горд сум на секоја моја креација независно дали работам со познати актери или обични статисти. За мене секое лице е предизвик само по себе.

Филмски проекти на кои си работел до сега?

- Да бидам искрен многу се, но би ги издвоил последните два филма што ги работев во Белград о мајсторот на филмскаат шминка , колегата Мирослав Лакобрија (добитник на златна маска 2019-та )со кого имавме инетересни процеси во текот на подг отовките.

На што работиш моментално и што следи?

 - Моментално работам на изработка на лузни, за новата младинска претстава што во моментов се подготвува во мојот матичен театар - Театарот за деца и младинци.

Во октомври заминувам за Белград каде што сум поканет од фестивалот „Zombie Walk" , како претставник од Македонија да изработувам зомби маски со останатите колеги од Балканот и пошироко , на што сум посебно горд.

(А.В.)



Спонзорирани линкови

Маркетинг