Бундестагот даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Макфакс

27/09/2019

08:23

2.353

Големина на фонт

а а а

Пратениците на Бундестагот, со големо мнозинство изгласаа владата да пристапи кон отворање на пристапни преговори со Северна Македонија во октомври.

За“ гласаа 476 пратеници, против 122, а 16 беа воздражани.

Поддршка доби и Албанија за почетна резолуција за почеток на преговорите. „За“ почеток на преговорите со Албанија гласаа 395 пратеници, 188 беа против, а 16 беа воздржани.

Од Македонија се бара исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но и гаранција за заокружување на реформите, особено во делот на владеење на правото.

За официјален почеток на пристапните преговори ќе биде потребна позитивна одлука на самитот на шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Унија кој ќе се се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг