Јанева ќе врши увид во доказите за „Рекет“

Макфакс

26/09/2019

09:34

818

Големина на фонт

а а а

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е третосомничена во случајот „Рекет“ денеска треба да изврши увид во доказите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Увид во доказите вчера вршеше Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“. Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во Затворот Скоје, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот од пред неколку дена е во домашен притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг