Мицотакис до Заев: Не би го потпишал преспанскиот договор, но ќе го почитуваме

Макфакс

25/09/2019

12:33

1.472

Големина на фонт

а а а

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му кажал на македонскиот премиер Зоран Заев дека иако не се согласува со преспанскиот договор, Грција е должна да го почитува, пренесе грчката агенција „АНА-МПА“.

Според грчките владини извори, Мицотакис му кажал на Заев дека не би го потпишал договорот од Преспа што претходната грчка влада на чело со Алексис Ципрас го потпиша со земјава во јуни минатата година. Сепак, како што кажал Мицотакис, договорот веќе е дел од меѓународното право и Грција е должна да го почитува.

Мицотакис за време на средбата со Заев истакнал дека во времето на ратификацијата на преспанскиот договор во грчкиот парламент, како лидер на опозицијата направил сè што е во негова моќ за да ја спречи ратификацијата. Тој го повика Заев во согласност со временската рамка да ги исполни обврските од договорот, особено во врска со заштитата на трговските марки.

Мицотакис и Заев вчера се сретнаа за првпат, на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, откако беа одржани парламентарните избори во Грција на кои Мицотакис го победи Ципрас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг