Катица е сместена со цимерка, со Боки 13 на располагање имаат фризер и доктор

Точка

25/09/2019

12:00

8.589

Големина на фонт

а а а

Вчера во Јавното обвинителство во Скопје, еден час траеше сведочењето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Поранешната „шефица“ на СЈО еден час сведочеше за случајот „Рекет“ каде што е меѓу главните обвинети, а потоа беше вратена назад во затворот Идризово во Шутка.

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска побара на нејзината клиентка да ѝ биде доделен домашен притвор поради влошената здравствена состојба, но не само што беше одбиена, туку на Јанева ѝ беше продолжен притворот на дополнителни 30 дена.

На истото се пожали и Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, чиј што клиент наводно не се чувствувал најдобро после операцијата на желудникот. Да потсетиме, Бојан Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет“.

Какви се условите во Шутка?

За разлика од Катица Јанева, Бојан Јовановски бил сместен во таканаречените „Хашки ќелии“ кои нудат далеку подобри услови за затворениците, а според извори на „Независен“, затворениците можат да бидат посетени од адвокат без надзор, а на располагање имаат лекар и бербер.


„Адвокатот на притворените може да дојде кога сака и без надзор да има средба со својот клиент. Истото може да го направи и народниот правобранител. Вештаците или невропсихијатрите можат да дојдат само со дозвола од судија на претходна постапка. Роднините одат со претходно барање и вообичаено им се дозволува средба со својот близок на секои две недели. Во затворот во Шутка имаме лекар и бербер, притворениците можат да одат на преглед, односно на потстрижување или други третмани на косата“, пренесува „Независен“.

Катица Јанева е сместена во посебна ќелија со цимерка, а чуварите внимаваат да не добива провокации од другите затвореници. За поранешната специјална обвинителка немало место во „Хашките ќелии“ каде што е сместен Боки 13, а со оглед на тоа што се осомничени за ист случај, не смеат да бидат во контакт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг