Пендаровски засади садници на опожарените места крај езерото Младост

Макфакс

23/09/2019

16:25

888

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска ја посети општина Велес.

Воден од заложбата да биде претседател на сите, ќе остварува директни средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во нашето општество, односно учители, пожарникари, новинари, граѓански организации, успешни поединци и бизнисмени, хумани лица.

„Идејата на овој проект е, како што порано беше пракса, за жал на некои места и сега е така, граѓаните да доаѓаат и да се поплакуваат на политичките авторитети, вклучително и кај Претседателот, Претседателот да дојде кај нив и да ги праша што им треба, кои се проблемите, како можеме да помогнеме, има ли некоја работа која можеме да ја направиме повидлива за надлежните државни институции да ја решат. И се разбира, во тој концепт, во тие рамки ќе зборуваме и за убавите работи“, потенцираше Пендаровски.

Овој вид на активности, денеска претседателот Пендаровски ги започна од Велес, градот познат по книжевноста, но и по силната граѓанска еколошка свест.

На почетокот на посетата претседателот Пендаровски, заедно со градоначалникот Аце Коцевски, симболично засади садници на опожарените места крај езерото Младост, зафатени за време на пожарите во август годинава. Потоа, претседателот Пендаровски го посети ООУ „Св. Кирил и Методиј“, коешто е изградено во 1857-та година и е едно од најстарите училишта во земјата. Исто така, претседателот Пендаровски ја посети и Територијалната противпожарна единица во Велес. На средбата со командирот на единицата и пожарникарите беше констатирана потребата од инвестиција во човечки капитал и во нова опрема.

„Најприродно е, најлогично е, во секоја демократија тоа се работи – избраните политички претставници на граѓаните и граѓаните на дневна основа да соработуваат, да се слушаат и да работат за заедничко добро“, заклучи претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски додаде и дека ваков вид на активности ќе остварува еднаш до два пати месечно во различни градови и села во земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг