Доделување на Еми наградите: Ова се најдобрите и најлошите изданија од црвениот тепих

Точка

23/09/2019

11:24

4.200

Големина на фонт

а а а

Вчера во Лос Анџелес се одржа 71-вото доделување на Еми наградите, а како и секоја година, на црвениот тепих не недостигаше гламур.

Некои брилирале со своите модни избори, но некои не ги воодушевија модните критичари.  

Во продолжение, погледнете кои беа најдобро, а кои најлошо облечени ѕвезди на доделувањето оваа година.

Актерката и пејачка Зендеја ги предводела најдобро облечените дами во елегантна и провокативна зелена креација на Вера Венг со проѕирен корсет и висок изрез на свилениот долен дел.


Актерката Емилија Кларк пленела погледи со ризично длабокото деколте на својот црн Валентино фустан.


Актерката и пејачка Менди Мур е една од многуте славни дами кои вчеравечер се одлучиле за “забранетата” комбинација на црвена и розова боја, а нејзиниот фустан со потпис на Брендон Максвел бил најубав помеѓу нив.


Актерката Наоми Вотс докажала дека некогаш е најдобро да играте на сигурно во раскошниот балски фустан на Кристијан Диор.


Актерката Софи Тарнер се појавила во елегантна свилена креација на Луј Витон со боја на слонова коска.


Кетрин Зета-Џоунс и Мајкл Даглас ги привлекле сите погледи како пар, но сепак таа привлекла повеќе внимание во гламурозното, провокативно црвено издание.


Актерката Мејси Вилијамс се одлучила за асиментричен црн фустан на брендот “JW Anderson” со светкави кристали и тил.


Актерката Кристен Бел буквално заблескала во црн Диор фустан, украсен со шарени кристали.


Ѕвездата на “Seinfeld”, Џулија Луис-Дрејфус изгледала божествено во златниот фустан на Оскар де ла Рента.


Актерката Мишел Вилијамс воодушевила со елегантниот цветен фустан на Луј Витон кој ја следи линијата на телото.


Актерката Кери Вашингтон докажала дека комбинацијата од бела кошула и црни панталони не мора да биде здодевна и дека може да биде достојна и за црвениот тепих. Креацијата е со потпис на модната куќа Александар Вотие.


И Ким Кардашијан била една од дамите кои играле на сигурно, а тесниот црн фустан ги нагласил сите нејзини адути.


Актерката Кристина Еплгејт се пофалила дека ова е првиот фустан кој е направен по нејзина мерка, а Вера Венг дефинитивно била одличен избор за тоа.


Кендал Џенер оваа година се нашла на листата на најлошо облечени и тоа благодарение на црната ролка од латекс која ја искомбинирала со балски цветен фустан на дизајнерот Ричард Квин.


Ни актерката Гвинет Полтроу не успеала да го импресионира модниот свет во својата сребрена креација на Валентино, со црн тил и големи перја на ракавите.


Иако носела Гучи, во ова издание актерката Гвендолин Кристи подобро би се вклопила на некој средновековен саем.


Тараџи П. Хенсон докажала дека може да се погреши и со фустан на Вера Венг кој никако не ѝ ласка на нејзината фигура.




Спонзорирани линкови

Маркетинг