За што служел „Црниот фонд“ со пари на СЈО? Катица Јанева сега ги бара парите за да се брани од „Рекет“

Точка

23/09/2019

11:24

4.222

Големина на фонт

а а а

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која моментално е во притвор, испратила писмо до СЈО во кое ги барала парите од „Црниот фонд“ на обвинителството.

Имено, Катица Јанева испратила писмо од притвор на адресата на СЈО, преку кое побарала да ѝ бидат вратени личните работи, но и средствата од „заедничкиот фонд“ за кој јавноста покажа посебен интерес.

Таканаречениот „Црн фонд“ функционирал во последните две-три години, откриваат обвинители за „Дојче Веле“, кој се полнел со пари од обвинителите и останатите вработени. Во „Црниот фонд“ се слевале по 3 илјади денари од обвинителите и илјада денари од останатите вработени секој месец.

Сепак, никој не знае колку пари останале во овој фонд, затоа што како што фондот се полнел, така и се празнел за приватни и службени цели, од свадби и прослави, па се до купување на климатизери и хард дискови.


Со парите управувала Катица Јанева која што одобрувала користење на средства од тој фонд, а сега наводно ги побарала парите за да ги плати трошоците за нејзината одбрана во случајот „Рекет“.

„Фондот самите го полневме по наредба на Јанева и таа ги контролираше средствата, па затоа немам претстава колку пари се останати. Пари секој месец даваа од обвинител до последен вработен“, открива еден од обвинителите.

Моментално никој не го користи тој фонд, а според вработените во СЈО, истиот треба да го поделат сите, па пари да добие и Катица Јанева, без разлика за каква намена ѝ требаат средствата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг