Пропадна британскиот авио-гигант: 150.000 патници оставени на цедило, загрозени 20.000 работни места

Точка

23/09/2019

11:40

2.135

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 600.000 туристи кои резервирале одмори или се на одмор преку тур-операторот "Thomas Cook" поминале една недела прашувајќи се дали ќе успеат да се вратат дома, бидејќи таа туристичка компанија, една од најстарите и најголеми на светот, дошла на работ на банкрот.

Компанијата е оптоварена со долгови, а во петокот потврдила дека бара 200 милиони фунти за да не пропадне, водела разговори со акционери и доверители во обид да спречи пропаст. 

Како што се наведува, банкротот би можел да остави на цедило околу 150.000 патници од Британија, заедно со стотина илјади од други земји, иако компанијата се обидела да ги увери клиентите дека летовите ќе продолжат нормално.

Повеќето британски туристи кои ги користеле услугите на "Thomas Cook" се заштитени од владиниот програм за патничко осигурување, кој овозможува да можат да се вратат дома ако британскиот оператор пропадне додека се во странство.

Финансиските потешкотии исто така отвориле прашања во врска со работите на 22.000 луѓе вработени во компанијата ширум светот, вклучувајќи 9.000 во Британија.

Синдикатите и британската опозициска Лабуристичка партија ја повикале владата финансиски да интервенира за да ги спаси работните места ако компанијата не успее да ги собере потребните средства од приватниот сектор.

Ако компанијата банкротира, британската управа за цивилно воздухопловство веројатно би наредила да се започне голема операција за враќање на туристите, како што го направила тоа кога нешто слично се случило со "Monarch Airlines".




Спонзорирани линкови

Маркетинг