Минатата седмица го имавме вардарецот Сташ Скубе во идеалниот состав во Лигата на шампионите, а пак оваа седмица во најдобрата седумка на колото имаме претставници од двата наши клубови во елитното натпреварување.
Имено како десно крило го имаме Иван Чупиќ од Вардар кој во пресметката со Порто даде седум гола од осум обиди, додека на позицијата лев бек е Ловро Јотиќ од Еурофарм Работник и тоа благодарение на изданието против Савехов во кое реализираше осум гола од десет обиди.
Останатиот дел од идеалниот тим на втората рунда во ЛШ изгледа вака:
Голман: Жоан Ледо Менендез (Бидасоа Ирун)
Лево крило: Себастијан Бартолд (Алборг)
Среден бек: Никола Карабатиќ (Пари Сен Жермен)
Десен бек: Харалд Раинкинд (Кил)
Кружен напаѓач: Хендрик Пекелер (Кил)