Икарди обелодени зошто си замина од Интер: Дојде време да…

Дерби

23/09/2019

10:58

999

Големина на фонт

а а а

Повремениот аргентински репрезентативец, Мауро Икарди во самата завршница на летниот преоден рок си замина од италијанскиот прволигаш Интер и се пресели во Пари Сен Жермен каде нареднава сезона ќе ја мине како позајмен играч по што „светците“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.

Со оваа зделка се стави крај на една драма меѓу Икарди, неговата сопруга, агент Ванда Нара и Интер која траеше со месеци, односно сега теренот е чист и ќе може да се види кој бил во право и кој ќе добие од целиот расплет.

Икарди сега од Франција се обидува да објасни што се случило и зошто го одбра ПСЖ за следна дестинација во кариерата, па во своето последно медиумско обраќање за „Канал Плус“ истакна:

- Дојдов тука за да играм. Ако пристигнете со опција да можете да биде откупени, тогаш знаете оти играчот треба да даде се од себе за да клубот ја искористи таа можност. Ќе видиме што ќе се случи следното лето. Бев во мојата седма година во Интер и мојот сон беше да играм во ЛШ што и го направив мината сезона, ама ништо не освоив. Мислам дека дојде време да одам во победнички клуб, некој што може да биде конкурентен и освојува титули. Вистината е дека ПСЖ е тим полн со шампиони и дека тоа е што го барав, - истакна Икарди.

Воедно Мауро даде одговор, свој став на една шпекулација, гласина која долго се врти во јавноста, а тоа е дека тој ретко е повикуван во аргентинската репрезентација поради Лионел Меси кој пак е добар пријател со Макси Лопез.

- Играв со Меси, го знам од времето кога бев во академијата на Барселона пред многу години. Го знам и не верувам дека е вистина, ама не можам да ги спречам луѓето тоа да го кажуваат. Јас многу го ценам и се сомневам дека е вистина, -рече напаѓачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг