Мегапроект од 20 милијарди долари: Се гради пруга на која возовите практично ќе летаат

Точка

23/09/2019

10:35

1.836

Големина на фонт

а а а

До крајот на оваа година би требало да биде затворена „финансиската конструкција“ на пругата Далас - Хјустон која ќе биде првата вистинска супербрза железница во САД.

Според пресметките, возовите растојанието од околу 400 километри на новата пруга би го преминувале за околу 90 минути.

Станува збор за проект вреден дури 20 милијарди долари кој е целосно финансиран од приватни инвеститори. Директорот Холи Рид за "Railway Gazette" изјави дека успеале да соберат „екипа од соништата“, односно меѓународен конзорциум на инвеститори кои ќе им овозможат на Американците конечно да се возат со супербрзи возови.


САД, иако имаат богата историја на железница и фантастична мрежа, сепак во тој поглед заостануваат зад остатокот од најразвиените земји поради децениското вложување во авиоиндустријата. Поради тоа, возовите се точни и модерни, но далеку побавни од оние во азиските земји.

Пругата ќе биде долга 358 километри, а освен железницата потребно е да се изградат и други проекти и помошна инфраструктура како згради за одржување и слично. Креаторите на проектот се убедени дека покрај големите инвеститори, ќе се приклучат и „обични“ граѓани и веруваат дека ова е само почетокот на изградбата на супербрзата железница ширум САД.


За изградбата на самата пруга би била задолжена италијанската компанија "Salini Impregivo", додека пак возовите најверојатно ќе бидат нарачани од Јапонија - станува збор за добропознатите супербрзи возови "Shinkansen".



Спонзорирани линкови

Маркетинг