Нова средба за законот за јавно обвинителство

Макфакс

23/09/2019

09:55

678

Големина на фонт

а а а

Работните групи на власта и опозицијата денеска во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство.

Денешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Зоран Заев и Христијан Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.

Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не му одговара да се донесе законот за јавно обвинителство и го кочи целиот процес. Премиерот Зоран Заев, пак, смета дека работните групи не се далеку од постигнување договор за законот за јавно обвинителство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг