Рој Кин: Манчестер Јунајтед ниско паднаа, шокиран сум

Макфакс

23/09/2019

09:54

1.282

Големина на фонт

а а а

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, упатил критики на сметка на „црвените ѓаволи“ по поразот од Вест Хем (2-00 во шестото коло во Премиер лигата.

Вест Хем само ја продлабочија резултатската криза во која се наоѓаат играчите на менаџерот Оле Гунар Солскјер од почетокот на сезоната. Јунајтед по шест кола имаат осум бода.

„Знаев дека Јунајтед се наоѓаат во лоша позиција, меѓутоа бев шокиран колку беа лоши против Вест Хем. Се беше лошо, немаат квалитет, карактер…“, рекол Кин.

Ирецот дополнил дека не гледал како Јунајтед ќе се извлечат од кризата.

„Ќе биде тоа долг пат. Јунајтед толку ниско падна, тоа е страшно. Минатата сезона играа лошо, а оваа сезона нема никаков напредок, дури и со тројца нови играчи“.

Манчестер Јунајтед во наредното коло, на 30 септември, ќе ги пречекаат Арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг